Nuri Aydın,Muhammet Tarhan
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА
Во светот со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), заразени се 10.600.203 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на „Worldometer“, интернет-страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во светот од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 514.298, додека оздравеа 5.812.076 лица.
Во светот се активни 4.273.558 случаи на заразување.
Во Соединетите Американски Држави (САД), кои и понатаму се епицентарот на заразувањето во светот, заразени се 2.727.996, додека од последиците на епидемијата починаа 130.123 лица.
Земји со повеќе од 50.000 заразени се Бразил (1.408.485), Русија (654.405), Индија (585.792), Велика Британија (312.654), Шпанија (296.351), Перу (285.213), Чиле (279.393), Италија (240.578), Иран (227.662), Мексико (226.089), Пакистан (213.470), Турција (199.906), Германија (195.832), Саудиска Арабија (190.823), Франција (164.801), Јужноафриканската Република (151.209), Бангладеш (145.483), Канада (104.204), Колумбија (97.846), Катар (96.088), Кина (83.534), Шведска (68.451), Египет (68.311), Аргентина (65.530), Белорусија (62.118), Белгија (61.427), Еквадор (56.432), Индонезија (56.385) и Холандија (50.273).
Земји со најмногу починати од последиците на заразувањето, по САД, се Бразил (59.656), Велика Британија (43.730), Италија (34.767), Франција (29.843), Шпанија (28.355), Мексико (27.769), Индија (17.410), Иран (10.817), Белгија (9.747), Перу (9.677), Русија (9.536), Германија (9.052), Канада (8.591), Холандија (6.113), Чиле (5.688), Шведска (5.333), Турција (5.131), Кина (4.634), Еквадор (4.527), Пакистан (4.395), Колумбија (3.334), Египет (2. 953), Индонезија (2.876), Јужноафриканската Република (2.657), Бангладеш (1.847), Саудиска Арабија (1.649) и Аргентина (1.307).