Admir Fazlagic
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија, во последните 24 часа се регистрирани 120 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.454, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мнистерството за здравство соопшти дека починале 4 лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата се искачи на 306.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти е 2.598.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.550.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на овој вирус.