Ferdi Türkten
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараа телефонски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека двајцата соговорници разговараа за регионалните прашања, посебно за случувањата во источниот Медитеран.
Ердоган во таа пригода рече дека Турција ја поддржува формулата со која се штитат правата на сите земји од источното Средоземје и од кое сите би имале корист.
Исто така, порача дека Турција ќе продолжи да ги штити своите права и покрај обидите на некои земји да го спречат нејзиното присуство во источниот Медитеран.