Yusuf Özcan
13 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ПАРИЗ
Во францускиот град Лион е подметнат пожар во џамијата „Ислам“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, како резултат на пожарот кој бил подметнат синоќа во џамијата „Ислам“, која се наоѓа во втората зона во Лион, оштетена е вратата на џамијата.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, преку Твитер нагласи дека го осудува овој акт на подметнување пожар во џамијата, истакнувајќи дека актите против исламот, јудаизмот и христијанството се полни со омраза.
Камел Кабтане, управител на џамијата, рече дека џамијата била изложена на акт на подметнување пожар.
„Криминалците сѐ уште вршат работа. До кога?“, додаде Кабтане.
Пред една недела избувна пожар и во џамијата „Омер“ во Лион.