Mücahit Aydemir
24 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
КУДС (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, изјави дека Израел ја нарушува израелската безбедност и се обидува да го уништи дводржавното решение, известува Агенција Анадолија (АА).
Абас вчера се обрати пред учесниците на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк, на кое се собрани светските лидери.
Во својот говор, Абас ја повика меѓународната заедница да го третира Израел како „окупациска сила“.
„Израел го уништи договорот од Осло и повеќе не постои израелски партнер со кој би можело да се разговара. Израел не ни остави земја за да воспоставиме наша држава“, порача Абас.
Наведувајќи дека безбедноста на Палестина е „нарушена“ поради израелската окупациска политика, Абас истакна дека Израел одлучил да не биде партнер во мировниот процес.
„Израел е тој кој со сегашната политика се обидува да го уништи дводржавното решение. Израел верува во наметнување на свршен чин со груба сила и агресија, а не по пат на мир“, посочи Абас.