Vesna Besic
24 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ПАРИЗ (АА) - Светлата на Ајфеловата кула, еден од симболите на Париз, главниот град на Франција, вчера беа изгаснати еден час порано како пример за заштеда на енергија во моменталната економска криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најпрепознатливиот симбол на Париз, Ајфеловата кула, моментално е осветлена по еден часот наутро со посебен систем на расветлување што дава трепкав златен сјај. Гасењето на светлата во 23:45 ќе овозможи четири настотно намалување на потрошената енергија.

Градската управа на Париз предложи светлата потполно да се изгаснат во 23:45 часот, кога си заминуваат последните посетители.
Рефлекторите на врвот ја претворија Ајфеловата кула висока 330 метри во светилник на ноќното небо над Париз, а сјајот на 20.000 сијалици ѝ дава на кулата блескав изглед по пет минути на секој час.
Ноќното расветлување на годишно ниво троши 6,7 гигавати часови електрична енергија.
Француската Влада апелираше до поединците, домаќинствата и претпријатијата да трошат помалку енергија, бидејќи земјата се соочува со недостаток на струја, природен гас и гориво поради војната што Русија ја води во Украина.
Неколку градови го решаваат проблемот со гаснење на светлата на јавните објекти и улиците кога не се користат.
