Şerife Çetin,Yusuf Hatip
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
БРИСЕЛ (AA) – Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел соопшти дека високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Џозеф Борели и министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу ќе ги водат активностите во врска со договорот за мигранти постигнат на 18 март 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон фер Лејен одржаа конференција за медиуми по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Мишел во таа пригода рече дека со Ердоган, помеѓу другото разговарал за договорот од 18 март потпишан помеѓу Турција и ЕУ. Додаде дека овој состанок е прв чекор за да се постигне посилен политички дијалог со Турција на краткорочен, среднорочен и долгорочен период.
„Борели и Чавушоглу ќе ги водат активностите во врска со договорот од 18 март", рече Мишел додавајќи дека во наредните денови двете страни ќе покренат активности на делегациите.
Целта е страните на ист начин да го толкуваат договорот, а за политичките преговори на високо ниво со Турција ќе бидат известени земјите членки.
Претседателката на Европската комисија фон дер Лејен смета дека е важно што се отворени каналите за дијалог со Турција.
Смета и дека комуникацијата е предуслов за решавање на ситуацијата на грчката граница.
„На мигрантите им е потребна помош. Потребна е помош за Грција, потребна е помош за Турција", рече фон дер Лејен.
Додаде дека со Турција е неопгходно да се зацрта пат насочен кон иднината и дека страните имале отворена, конструктивена и пријатна средба.
„Разговорите беа фокусирани на формирање на мапата на патот за тоа како да се заштитат интересите и на ЕУ и на Турција", рече фон дер Лејен.
Верува дека состанокот е добар почеток и потсети дека договорот сеуште е во сила.
„Разговаравме за тоа како да се дополнат недостатоците на Договорот од 18 март", рече фон дер Лејен.
Таа појасни и дека страните имаат и одредени различни мислења и дека договорот во целост ќе биде анализиран.
Запрашата за информациите дека грчките сили користат плински бомби и гумени куршуми против мигрантите, фон дер Лејен рече дека прекумерното користење сила е неприфатливо.
Таа додаде дека се важни две работи на кои треба да се обрати внимание.
„Потребно е да се заштити границата на ЕУ, но и да се почитуваат основните човекови права", рече фон дер Лејен.
Извори од кабинетот на турскиот претседател соопштија дека трилатералниот состанок поминал продуктивно.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ја заврши посетата на Брисел.