Haydar Karaalp
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
БАГДАД
Доцна синоќа со две ракети изведен е напад врз Зелената зона на главниот град Багдад, во која се сместени владините згради и претставништвата на странските мисии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, се дознава дека една од ракетите паднала на просторот на Амбасадата на САД во Багдад, додека втората недалеку од влезната врата на Центарот за операции во Багдад.
Ирачките власти засега не дадоа какво било известување во врска со нападот во кој нема човечки жртви.
Амбасадата на САД во Багдад често е жртва на ракетни напади.