Mustafa Melih Ahıshalı
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Во Иран бројот на починатите од последиците на заразата со коронавирусот е зголемен на 2.234, а бројот на заразени изнесува 29.406, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кијануш Џиханпур, портпаролот на Министерството за здравство, соопшти дека во Иран во последните 24 часа од последиците на заразата починале 157 лица.
„Со тоа бројот на жртвите е зголемен на 2.234. Потврдени се и 2.389 нови случаи на зараза, со што бројот на заразени е зголемен на 29.406“, појасни Џиханпур.
Тој додаде дека од вирусот закрепнале 10.457 лица.
Новиот тип коронавирус во Иран изби на 19 февруари, во градот Ком, а набрзо се прошири и на другите делови низ земјата.