Çağrı Koşak
23 Јануари 2021•Ажурирај: 24 Јануари 2021
БАГДАД
Извршен е ракетен напад кон аеродромот во ирачкиот главен град Багдад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Ирак објави писмено соопштение во кое информира за нападот извршен во ноќните часови.
Во соопштение се наведува дека се лансирани три ракети кон аеродромот во Багдад и дека нема жртви или повредени во нападот.
Две ракети паднале во близина на аеродромот, додека третата ракета паднала врз една куќа во населбата Ел-Џихад која се наоѓа во западниот дел на Багдад, при што е настаната материјална штета.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Меѓународниот аеродром во Багдад е таргет на напади поради што се наоѓа на иста локација со воената база „Victoria“ на американската Војска.