Sinan Doğan
23 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
БОГОТА
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обрадор на социјалната мрежа Твитер објави дека со Бајден имале многу плодотворен разговор.
„Претседателот Бајден беше полн со почитување и љубезен.Разговаравме за односите на двете земји, за миграциите, пандемијата на Ковид-19 и здравствените прашања. Сето тоа покажува дека имаме добри односи за нашите земји и народи“, порача Обрадор.
Првиот ден од мандатот, Бајден потпиша претседателска уредба за укинување на средствата за ѕидот изграден на мексиканската граница, што е една од најконтроверзните одлуки во мандатот на Трамп.
Лопез Обрадор на 19 јануари ги повика САД на важни реформи во имигрантската политика.