Betül Yürük
23 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
ЊУЈОРК
Гласноговорникот на Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дујариќ, соопшти дека на сила стапил Договорот за забрана на нуклеарното оружје (TPNW), јавува Агенција Анадолија (AA).
Дујариќ истакна дека тоа е прв меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје што стапил на сила.
Раководството на Обединетите нации го поздрави стапувањето на сила на договорот, што се случи откако потребните 50 членки на ОН го ратификуваа тој документ. Последна земја што го направи тоа беше Хондурас.
Договорот за забрана на нуклеарното оружје е усвоен на 7 јули 2017 година со гласовите на 122 членки од вкупно 193 членки на Генералното собрание на ОН.
Целта на договорот е уништување на нуклеарното оружје и забрана на развојот на ново оружје во целиот свет.
Од усвојувањето досега, параф на договорот ставија 84 земји, а 50 од нив изречно бараа потполно да се забрани развојот, производството, тестирањето и складирањето на нуклеарното оружје.
Договорот не го потпишаа земјите што поседуваат нуклеарно оружје, САД, Русија, Велика Британија, Кина, Франција, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел.