свет, Коронавирус

Во Русија вакцинирањето против Ковид-19 се спроведува во трговските центри и театрите

Во Русија, каде што досега се вакцинирани околу два милиона луѓе, масовно ќе се вакцинираат и со вакцината „ЕпиВакКорона“ (EpiVakKorona) што ја разви Центарот за истражување вектори

Dmitri Chirciu  | 23.01.2021 - Обновена : 24.01.2021
Во Русија вакцинирањето против Ковид-19 се спроведува во трговските центри и театрите (Foto: Sefa Karacan - Anadolu Agency)

МОСКВА (AA) - Дмитри Чирчиу -

Масовната вакцинација против коронавирусот (Ковид-19) во Русија се извршува и во театарските и трговските центри, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во земјата во која првиот случај на Ковид-19 е откриен на 31 јануари 2020 година, а првиот смртен случај од оваа болест на 19 март истата година, масовната вакцинација почна на 18 јануари 2021 година.

Масовната вакцинација, што почна по инструкциите на рускиот претседател Владимир Путин, се врши со вакцината „Спутник V“ („Sputnik V“, односно „GamKovidVak“) што ја разви Националниот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Иако сите граѓани постари од 18 години можат бесплатно да се вакцинираат, оние со хронични, алергиски реакции и респираторни проблеми, бремени жени и доилки, не можат да се вакцинираат.

Една доза на вакцината се дава во првата фаза, а втората по 21 ден.

Во Русија, каде што досега се вакцинирани околу два милиона луѓе, масовно ќе се вакцинираат и со вакцината „ЕпиВакКорона“ (EpiVakKorona) што ја разви Центарот за истражување вектори.

Екипата на АА ја следеше масовната вакцинација во трговскиот центар ГУМ и во зградата на Хеленско-оперскиот театар на Црвениот плоштад во главниот град Москва.

Оние што сакаат да се вакцинираат првенствено ја прават потребната регистрација во посебно резервирани делови на трговскиот центар и театарската зграда.

Луѓето што наутро чекаат во редови, пополнуваат образец наведувајќи дека доброволно учествувале во масовното вакцинирање.

Граѓаните можат да се вакцинираат по здравствените прегледи.

Наталија Кузенкова, главен доктор на Градската поликлиника број 68 во Москва, потсети дека вакцинацијата се извршува и во други трговски центри.

Кузенкова изјави дека вакцинацијата се спроведува на повеќе од 100 точки во градот.

„Местото за вакцинирање во трговскиот центар ГУМ направено е во согласност со епидемиолошките услови. Тука се донесени посебни ладилници за чување на вакцината“, рече таа.

Владимир Горохов, заменик уметничкиот директор на театарот, изјави дека вакцинацијата ја оживеала оваа зграда.

„Многу од оние што дојдоа на вакцинација купија карти за театарска претстава. Благодарејќи на вакцинацијата, стекнуваме нова публика“, рече тој.

Горохов рече дека првиот ден се вакцинирани приближно 200 луѓе.

Потсетувајќи дека експериментите од третата фаза на вакцината „Спутник V“ не се завршени, Горохов рече:

„Тоа не нè мачи. Многу мои пријатели ја добија оваа вакцина. Ова е важно за мене.“

Олга Василкова, една од вакцинираните, изјави дека многу нејзини пријатели ја примиле вакцината.

„Подобро што се вакцинирав, отколку да го добијам вирусот“, рече Василкова.

Наведувајќи дека не ѝ пречи вакцинирањето во трговскиот центар, Василкова рече дека го избрала ова место за вакцинирање бидејќи многу ѝ е тешко да се регистрира во поликлиниките.

„Мора да се чека две недели. Сакав вакцина што е можно поскоро“, изјави Василкова.

Олга Будова изјави дека вакцинацијата не може да го елиминира Ковид-19, но благодарејќи на тоа многу луѓе ќе можат да преживеат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın