Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА
Повеќе од 200.000 лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), по лекарскиот третман се излекувани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со новите детектирани случаи на Ковид-19 според држави, објави дека на светско ниво од заразеноста со новиот тип коронавирус се излекувале 200.317 лица.
Најголем број излекувани лица има во Кина. Во оваа земја 76.408 лица успеале да ја победат болеста.
По Кина следуваат Шпанија, каде што од Ковид-19 се излекувале 26.743 лица, Германија - 19.175, Италија - 16.847, Иран - 15.473, Франција - 10.935 и САД, каде што новиот тип коронавирус успеале да го совладаат 8.878 лица.