Elena Teslova
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
МОСКВА
Во Русија денеска се потврдени 771 нов случај на заразување со новиот тип коронавирус, што е најмногу на дневно ниво за таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во 76 региони во Русија се потврдени 3.548 случаи на заразување, а во последните 24 часа се забележани 6 смртни случаи. Со тоа бројот на починатите е зголемен на 30“, наведуваат надлежните органи за борба против коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека 45 лица се отпуштени од болница, со што вкупниот број на лица кои се излекувале е зголемен на 235.
Москва и понатаму е најтешко погодено подрачје, во кое се потврдени 595 нови случаи.
Русија презеде низа чекори за спречување на ширењето на заразувањето со вирусот, вклучувајќи ги забраните на движење во Москва, Санкт Петербург и други слични подрачја.
На странците и понатаму не им е дозволен влез во земјата, а суспендиран е и меѓународниот воздушен сообраќај.
Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.