Zehra Ulucak,Talha Yavuz
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА
Откако во кинескиот град Вухан за првпат е забележан новиот тип коронавирус (Ковид-19), кој предизвика пандемија во светот, болеста досега е детектирана кај 937.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира податоците за новодетектираните случаи на заразени и смртни случаи предизвикани од заразеноста со Ковид-19. Според последните податоци, во светот се детектирани 937.000 случаи на заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Како последица на заразеност од Ковид-19, во светот починаа 47.267 лица, а 195.143 случаи на заразени лица се излекувани.
Новиот тип коронавирус во континенталниот дел на Кина предизвика смрт на 3.312 лица, 4 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг. Следуваат 13.352 починати во Италија, 9.387 во Шпанија, 5.112 во САД, 4.032 во Франција, 3.160 во Иран, 2.352 во Велика Британија, 1.173 во Холандија, 931 во Германија, 828 во Белгија, 488 во Швајцарија, 239 во Шведска, 277 во Турција, 244 во Бразил, 187 во Португалија, 169 во Јужна Кореја, 157 во Индонезија, 146 во Австрија, 129 во Канада, 104 во Данска, 98 во Еквадор, 96 на Филипини, 94 во Романија, 85 во Ирска, 68 во Јапонија, 58 во Индија, 58 во Алжир, 57 во Доминиканската Република, 52 во Египет, 52 во Ирак, а 51 лице го загуби животот во Грција.
- Земји со над 1.000 детектирани случаи на Ковид-19
Според интернет-страницата „Worldometer“, земји во кои се детектирани над 1.000 случаи на новиот тип коронавирус се:
САД 215.344, Италија 110.574, Шпанија 104.118, Кина 81.554, Германија 77.981, Франција 56.989, Иран 47.593, Велика Британија 29.474, Швајцарија 17.768, Турција 15.679, Белгија 13.964, Холандија 13.614, Австрија 10.809, Јужна Кореја 9.976, Канада 9.731, Португалија 8.251, Бразил 6.931, Израел 6.211, Австралија 5.137, Шведска 4.947, Норвешка 4.877, Чешка 3.604, Ирска 3.447, Данска 3.107, Јапонија 3.096, Чиле 3.031, Малезија 2.908, Русија 2.777, Еквадор 2.758, Полска 2.554, Романија 2.460, Луксембург 2.319, Филипини 2.311, Пакистан 2.291, Индија 2.032, Тајланд 1.873, Саудиска Арабија 1.720, Индонезија 1.677, Финска 1.518, Грција 1.415, Јужноафриканската Република 1.380, Мексико 1.377, Перу 1.323, Панама 1.317, Исланд 1.135, Доминиканската Република 1.284, Аргентина 1.133, Колумбија 1.065, Србија 1.060 и Сингапур 1.000.