Mümin Altaş
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД) соопшти дека во земјотресот во Измир загинаа 85 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на АФАД се наведува дека по земјотресот со јачина од 6,6 степени, кој во петокот беше регистриран во близина на подрачјето Сеферихисар, евидентирани се 1.225 потреси на тлото, од кои 43 се посилни од четири степени.
„Според информациите на Здравствениот центар за координација за време на вонредната состојба (SAKOM) загинаа 85 наши сограѓани. Од 994 повредени, 774 се отпуштени од болница, а 220 се и понатаму на лекување. Во тек се акциите за потрага и спасување во осум згради во Измир“, се наведува во соопштението.