Sefa Şahin
19 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер ги потресе Истанбул и околината, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во 15:07 часот по локално време забележан е потрес со магнитуда од 3,9 степени со епицентар во истанбулскиот кварт Картал. Земјотресот бил на длабочина од 7,06 километри.
Се огласи и гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, кој рече дека ниту една негативна вест не е пријавена на безбедносните и општинските служби.