Dmitri Chirciu
19 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
МОСКВА
Девет лица загинаа во авионска несреќа предизвикана од тврдото слетување на авионот во подрачјето на Кемерово во руската област Сибир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за итни состојби на Русија.
Авионот од типот „L-410“, што транспортирал падобранци во подрачјето на Кемерово, имал дефект на еден од моторите при полетувањето.
Екипажот го вратил авионот на аеродромот, но се случила несреќа поради тврдото слетување.
Во авионот се наоѓале 24 лица, а како резултат на несреќата загинале 9 лица, меѓу кои и двајцата пилоти.
Исто така, во несреќата се повредени и 15 лица.
Започната е истрага во врска со овој случај.