свет

И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот

„Бруталното и физички насилното постапување на земјите како Грција, Кипар (Јужен Кипар) и Хрватска е неприфатливо. Загрижени сме поради ова. Го пренесов ова прашање на релевантните земји и Комисијата на ЕУ“, порача Гранди

Mehmet Şah Yılmaz, Gülsüm İncekaya  | 19.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот

АНКАРА

Мехмет Шах Јилмаз/Гулсун Инџекаја -

Според „Извештајот за глобалните трендови 2020“ на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година надминал 82 милиони, и покрај пандемијата од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

За да подобро ѝ се објасни ситуацијата со бегалците на меѓународната заедница, 20 јуни 2001 година е прогласен е за Светски ден на бегалците.

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, на редовниот состанок во Рим укажа на злоупотребувањето на мигрантите на рутата на илегални миграции позната како „балканска рута“.

„Бруталното и физички насилното постапување на земјите како Грција, Кипар (Јужен Кипар) и Хрватска е неприфатливо. Загрижени сме поради ова. Го пренесов ова прашање на релевантните земји и Комисијата на ЕУ“, порача Гранди.

Тој нагласи дека би требало да постои посилна политичка волја за решавање на судирите поради кои луѓето се приморани да бегаат.

Според „Извештајот за глобалните трендови“ објавен во Женева на 18 јуни, бројот на луѓето што побегнале од војни, насилство, прогони и кршења на човековите права се искачи на приближно 82,4 милиони во 2020 година, и покрај избувнувањето на пандемијата од Ковид-19.

Оваа бројка, која на крајот на 2019 веќе беше на рекордно ниво со 79,5 милиони луѓе, минатата година се зголеми за 4 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın