Handan Kazancı
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 95, соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Афад е соопштено дека вкупно 147 лица се наоѓаат на лекување.
Се додава дека 994 лица се повредени, додека 847 се отпуштени од болница.
Во петокот, земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, со популација од околу 4,37 милиони.