Selma Kasap
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба (MIT) изврши успешна операција во странство против терористичката огранизација ПКК, и од Ирак достави четворица барани терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските разузнавачи уапсија четворица терористи во ирачкиот регион Синџар, а неименуван извор за АА соопшти дека станува збор за терористите В.К. (34), М.К. (21), А.О. (20) и К.И. (16).
Станува збор за терористи кои поминале обука во камповите на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, а терористите често од североисточниот дел на Сирија преминуваат во северниот дел на Ирак, каде што се наоѓаат планините Ќандил, Гара, Зап и Хафтанин кои се сметаат за колевка на таа терористичка организација.
Терористите во Турција се доставени и предадени на надлежните органи на 18 април, а меѓу нив е и 34-годишниот В.К.
В.К. учествувал во терористичките напади на пунктовите на турската Војска на турско-ирачката граница, а минатиот месец злоупотребувал 11-годишно дете со посебни потреби од језидско семејство во Синџар. За да го прикријат тоа злосторство, челниците на ПКК планирале да го ангажираат В.К. во друг регион.