Gülşen Çağatay
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот брод за сондажа од седмата генерација, Абдулхамид Хан, започна со дупчење во бунарот Тасуку-1 лоциран во Средоземното Море, објави турската нафтена корпорација (ТПАО) во објава на Твитер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжуваме да работиме кон целта за независна енергија и силна Туркије“, изјави ТПАО.
Четвртиот брод за сондажа во флотата на Туркије, која ги вклучува и Фатих, Кануни и Јавуз, има екипаж од 200 луѓе.
Бродот е еден од петте бродови од седмата генерација во светот, со максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри (40.026 стапки).
Бродот тежок 68.000 тони е долг 238 метри (780 стапки), има ширина од 42 метри (137 стапки) и висина на кулата од 104 метри (341 стапки).