свет

Силите на режимот на Асад се обидуваат да го „избришат од мапата“ Хан Шејхун

Авионите на режимот на Асад, неговите копнени сили и странските терористички групи поддржани од Иран, во последните два дена изведоа стотици операции во Хан Шејхун, кој се наоѓа во рамките на зоната за деескалација на судирите во Идлиб

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu  | 20.07.2019 - Обновена : 21.07.2019
Силите на режимот на Асад се обидуваат да го „избришат од мапата“ Хан Шејхун

ИДЛИБ (АА) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/ЕШРЕФ МУСА - Режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи со помош на руски воени авиони два дена изведуваат интензивни воздушни операции во Хан Шејхун, кој се наоѓа во рамките на зоната за деескалација на судирите во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Авионите на режимот на Асад, неговите копнени сили и странските терористички групи поддржани од Иран, во последните два дена изведоа стотици операции во Хан Шејхун, кој се наоѓа во рамките на зоната за деескалација на судирите во Идлиб.

Силите во регионот со копнено оружје го погодија центарот на населбата.

Поради фактот што областа речиси е целосно евакуирана поради тековните напади од февруари, немаше загуба на животи.

Мустафа Хаџ Јусуф, директорот на Граѓанската одбрана на Идлиб (Белите шлемови), во изјавата за дописникот на АА рече дека џамиите, водните станици, училиштата и здравствените установи, што се наоѓаат во регионот, не се во можност да даваат услуги.

„И покрај тоа што во Хан Шејхун живеат само животни, воздушните и копнените напади не престанаа. Воените авиони за два дена изведоа десетици воздушни напади. Режимот и неговите поддржувачи се обидуваат да го избришат Хан Шејхун од мапата“, нагласи Јусуф.

Местото Хан Шејхун во светот стана познато по масакрот со хемиско оружје на 4 април 2017 година. Во нападот на режимот животот го загубија повеќе од 100 цивили.

- Состојбата во зоната за деескалација на судирите во Идлиб -

Силите на режимот ги продолжуваат нападите и покрај договорот потпишан помеѓу администрацијата на Анкара и Москва во Сочи, на 17 септември 2018 година, со помош на Русија.

Режимот на Асад и неговите поддржувачи, од потпишувањето на Договорот за прекин на огнот во Идлиб на 17 септември 2018 година, прекршувајќи го примирјето, спроведуваат напади кои примораа повеќе од 553.000 цивили да ги напуштат своите домови.

Податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) покажуваат дека во нападите кои припадниците на режимот на Асад и сојузниците ги извршиле од 26 април до 12 јули во зоната за деескалација на судирите во Идлиб, загинале 606 цивили, од кои 157 деца и 111 жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.