Agim Sulaj
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Пратениците од 11-тиот состав на Собранието на Косово ја избраа кандидатката Јустина Широка-Пуља со 81 глас за нова претседателка на Република Косово, јавува Анадолу.
Изборот на новата претседателка Широка-Пуља уследи по усвојувањето во второ читање на Законот за изменување на Законот за Специјалниот суд, што беше услов на Демократската партија на Косово (ПДК) за да го поддржи изборот на новата претседателка со гласање.
Единствена противкандидатка на Широка-Пуља беше пратеничката од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), Елиза Хоџа, која доби само еден глас.
Широка-Пуља има професионална кариера поврзана со образованието, науката и политиката. Таа е економист по професија, универзитетска професорка и академик. Универзитетските студии ги завршила на Универзитетот во Приштина, а постдипломските студии во Загреб.
Широка-Пуља беше министерка за енергетика и рударство на Косово од 2008 до 2011 година и пратеничка во Собранието на Косово од 2011 до 2014 година од редовите на ПДК.
Со изборот на новата претседателка на земјата, Косово го завршува процесот на избор на нов шеф на државата. Поради непостигнувањето политички договор за нов претседател, Косово одржа нови избори на 6 јуни 2026 година.