свет

Макрон за 2 години изгуби 15 министри

Петнаесет министри поднесоа оставка откако Макрон пред две години и два месеца седна во фотелјата во Елисејската палата

Yusuf Özcan  | 20.07.2019 - Обновена : 23.07.2019
Макрон за 2 години изгуби 15 министри

ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН - Петнаесет министри поднесоа оставка од 14 мај 2017 година, кога Емануел Макрон стана претседател на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

Петнаесет министри поднесоа оставка откако Макрон пред две години и два месеца седна во фотелјата во Елисејската палата.

Министерот за животна средина, Франсоа де Ружи, кој поднесе оставка во вторникот, стана 15-тиот министер што го напуштил Кабинетот. Се истакнува дека е можно да се повлечат и други министри за да се кандидираат за градоначалници на локалните избори следната година.

- Во првиот месец откако Макрон дојде на функцијата, 4 министри поднесоа оставка -

По првиот месец откако Макрон стана претседател, 4 министри во рок од неколку денови поднесоа оставка. Министерот за територијална кохезија, Ричард Феранд, поднесе оставка на 19 јуни 2017 година, откако беше отворена истрага против него за злоупотреба на јавните трошоци на неговото претходно официјално работно место. Феранд подоцна стана претседател на групата за Движење на републиканците во Националното собрание, а сега ја извршува функцијата претседател на Собранието. 

Министерот за одбрана, Силви Гулар, на 20 јуни 2017 година ја напушти Владата поради прелиминарна истрага започната поради обвиненија за неправилност со членовите на Демократското движење (MODEM) во Европскиот парламент (ЕП). 

Еден ден подоцна, оставка поднесе министерот за правда, Франсоа Бајру. Како причина за оставката, Бајру ја наведе истрагата за наводните нерегуларности во платите што им се дадени на советодавниот кадар на членовите на ЕП од страна на Демократското движење (MODEM), каде што беше лидер. 

Истиот ден, друг министер се раздели со Макрон. Мариел де Сарнез, министерката задолжена за Европската Унија (ЕУ), поднесе оставка откако се покажа дека едно лице со лажни документи го пријавила како советник во ЕП. 

- Борн е третиот министер за животна средина во Кабинетот -

Никола Уло, министерот за животна средина, популарна личност во граѓанското општество, на 28 август 2018 година во програма што се емитуваше во живо истакна дека поднесува оставка поради несогласување со Макрон за прашањата од областа на животната средина. 

На негово место беше избран Франсоа де Ружи, кој беше принуден да даде оставка откако се обелодени дека во времето кога бил претседател на Националното собрание „приредил луксузни ручеци со буџет од Собранието“. Оставката ја поднесе на 16 јули. 

Де Ружи беше заменет од актуелниот министер за транспорт, Елизабет Борн. Така, Борн стана третиот министер за животна средина во Кабинетот на Макрон.

Само една недела по оставката на Уло, министерот за спорт, Лора Флесел, поднесе оставка на 4 септември 2018 година, од лични причини.

- Во октомври 2018 година, беа разделени патиштата со 5 министри -

Жерар Колом, кој беше назначен за министер за внатрешни работи по претседателските избори, поднесе оставка на 3 октомври 2018 година за да се кандидира за градоначалник на Лион на локалните избори што ќе се одржат следната година. Неговата функција како министер за внатрешни работи траеше 1 година и 4 месеци. Тој пред да стапи на функцијата министер за внатрешни работи беше градоначалник на Лион. 

Следната промена во Кабинетот на Макрон се случи на 16 октомври 2018 година. Тогаш Макрон го промени министерот за култура, Франсоиз Нисен, министерот за земјоделство, Стефан Травер, министерот за територијална кохезија, Жак Мезар, и министерот одговорен за економски прашања Делфин Жени-Стефан.

На 27 март, уште тројца министри го напуштија Кабинетот. Министерката за ЕУ, Натали Лоазо, поднесе оставка за да учествува на изборите за Европскиот парламент, додека портпаролот на Владата, Бенжамин Гриво, и министерот за дигитален развој, Мунир Махжуби, поднесоа оставки за да се натпреваруваат на локалните избори.

По оставките, за портпарол на Владата беше назначена советничката за медиуми на Макрон, Сибет Ндиаје, како министерка за ЕУ Амели де Моншалин и Седрик О како министер за дигитален развој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.