Mümin Altaş,Muhammet İkbal Arslan
20 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
ЛЕФКОСА (АА) – Активностите по повод 45-годишнината од Кипарската мировна операција започнаа со поставување венец на споменикот на Ататурк од страна на потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, и претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Мустафа Акинџи, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако учесниците ги зазедоа своите места во церемонијата, претседателот Акинџи и потпретседателот Октај положија венец на споменикот на Ататурк.
По едноминутниот молк, интонирањето на Националната химна и подигнувањето на знамињата, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Мустафа Акинџи, ја потпиша специјалната меморијална книга.
Акинџи во книгата напиша:
„Почитуван Ататурк, на 45-годишнината од Денот на мирот и слободата, на 20 јули повторно Ве споменуваме со чест. Како луѓе што ги прифатија вашите принципи и револуции уште од првиот ден и без каква било принуда, народот на кипарските Турци, со својот секуларен и демократски идентитет го продолжува својот пат. Преку науката се стреми да стигне до својата цел, а тоа е современата цивилизација. Од една страна продолжуваме со борбата за развој, од друга страна продолжуваме со напорите да обезбедиме траен мир на нашиот остров, потсетувајќи се на вашиот принцип „Мир во земјата, мир во светот“. Со овие чувства и мисли, уште еднаш Ве споменуваме со почит.“

Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, исто така, ја потпиша специјалната меморијална книга. Тој напиша:
„Почитуван Ататурк, денес ја одбележуваме 45-годишнината од Мировната операција кога кипарските Турци, рамо до рамо со војниците херои на Турската армија докажаа дека не може да им се одземат правата кои произлегуваат од меѓународното право. Како подеднакви сопственици на островот и составен дел на нашата голема нација, кипарските Турци како и досега и понатаму ќе ја имаат поддршката на Република Турција и турскиот народ. Оваа наша посветеност ја повторуваме уште еднаш и Ве споменуваме со почит.“
На церемонијата што се одржа пред споменикот на Ататурк во градот Киренија (Гирне) присуствуваа бројни државни фунцкионери од Турција и Турската Република Северен Кипар.
Активностите по повод 45-годишнината од Кипарската мировна операција, ќе продолжат на булеварот „Фазил Кучук“.