Tuğçenur Yılmaz
13 Јули 2019•Ажурирај: 14 Јули 2019
АНКАРА (AA) - Турција го поздрави и даде полна поддршка на новиот предлог на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Мустафа Акинџи, кој ѝ го упати на грчката страна во врска со истражувањето и експлоатацијата на ресурсите на јаглеводородот околу Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го поздравуваме и даваме полна поддршка на новиот предлог за севкупна соработка кој лидерот на ТРСК, Мустафа Акинџи, со посредство на специјалниот претставник на ОН за Кипар, го упати на грчката страна“, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Предлогот предвидува кипарските Турци и кипарските Грци, како и нивните партнери, да соработуваат на ресурсите на јаглеводорот, вклучувајќи и рамноправна поделба и употреба на приходите.
„Ако биде прифатен, предлогот ќе придонесе за кипарското прашање“, соопшти Министерството.
„Ако овој предлог биде прифатен, ќе биде покренат нов период на соработка помеѓу двете страни, ќе придонесе за развој на регионален мир, стабилност и соработка, но исто така и на создавање соодветна платформа за решавање на кипарското прашање“, наведено е во соопштението.
Лидерот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, со посредство на специјален претставник за Кипар, упати предлог на челникот на кипарските Грци, Никос Анастасиадес, за воспоставување комитет во врска со јаглеводородот.
Новиот предлог на Акинџи има за цел прашањето за јаглеводородот, наместо извор на напнатост и судири, да стане област на плодна соработка.