Osman URAS
13 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
МУГЛА (AA) - Елена Амбросиадоу, бизнисменка од грчко потекло, пристигна во турското летувалиште Бодрум на втората најскапа јахта на светот „Малтесе Фалкону“, јавува Anadolu Agency (AA).
Јахтата со знаме на Малта се усидри кај тврдината во Бодрум, а потоа се упати во пристаништето за полнење гориво.
Се работи за една од најмодерните јахти во светот. Долга е 88, а широка 12,5 метри. Вреди 135 милиони евра и привлече внимание на голем број домашно население, но и на туристи.
Може да прими околу 12 гости, а на јахтата се наоѓа и вежбалница, соба за масажа и најголемо надворешно кино на брод во светот.