İsa Toprak
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на испораката на материјалите за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана со долг дострел S-400, седмиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, јавува Anadolu Agency (AA).
Испораката на системот S-400 се одвива веќе три дена, според планираното.
Седмиот авион во рамки на испораката слета на воздухопловната база „Муртед“.
Инаку, Министерството за национална одбрана на Турција изутрина соопшти дека по петтиот авион, во текот на денот се очекува и пристигнувањето на шестиот и седмиот авион со материјалите за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана од долг дострел - S-400.