Aykut Karadağ
13 Јули 2019•Ажурирај: 14 Јули 2019
АНКАРА (AA) - По првиот дел од материјалите кој е испорачан вчера, од Министерството за одбрана на Турција потврдено е дека денеска е продолжена испораката на одбранбениот систем S-400, кој оваа земја го набавува од Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана на Турција потврдено е дека денеска во воената база „Муртед“, во главниот град Анкара, слета и четвртиот авион.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, синоќа потврди дека во текот на вчерашниот ден во три авиони стасал првиот дел од ракетниот систем S-400.
Договорот кој го постигнаа Турција и Русија за купопродажба на антиракетните системи S-400 предизвика остри критики од САД, што доведе до тензии во американско-турските односи. Официјален Вашингтон тврди дека набавката на системот S-400 ќе ја загрози турската позиција во проектот на воените авиони Ф-35.
Турција тврди дека системите S-400 нема да ги инкорпорира во системите на НАТО и дека ниту на кој било начин нема да ги загрози сојузниците. Официјална Анкара повика на формирање на заедничка стручна комисија со задача да се утврди дали прашањето за S-400 предизвикува технички проблеми.