Esra Kaymak,Sibel Uğurlu
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, изјави дека референдумот во Кипар може да се одржи во средината на 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање по состанокот со британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, Акинџи изјави дека не е возможно да се решат сите детали за спорот до крајот на оваа година.
„Ајде да направиме преглед и да почекаме за да дознаеме повеќе што ќе се случи со териториите. Да почекаме што ќе се случи во врска со отворените прашања што се однесуваат на нашата политичка еднаквост“, рече Акинџи.
Во неговите забелешки, кипарскиот лидер изјави дека неколку прашања во врска со пишувањето на уставите и имплементацијата може да се договорат во 2017 година, додавајќи дека во првите три месеци ќе се врши подготовка на уставите.
„Во вторите три месеци од 2017 година, ќе му биде дадено време на нашиот народ. Сите ќе видат кои прашања се договорени. Референдумите можат да се одржат во средината на 2017 година“, додаде Акинџи.
Џонсон му се заблагодари на Акинџи за неговиот напор за време на тековните мировни преговори за поделениот остров и истакна: „Британија посакува да му помогне на Кипар во врска со решавањето на спорот“.
Стејт департментот на САД вчера соопшти дека САД продолжуваат да го поддржуваат процесот олеснет и предводен од ОН, додавајќи дека се охрабрени од напредокот постигнат досега во оваа година.
„Нашиот фокус останува на поддршката на напорите од страна на партиите да се постигне сеопфатно решение и за повторно обединување на Кипар како федерација на две зони, со двојна комуникација“, рече портпаролот на агенцијата, Марк Тонер за време на прес-конференцијата.
Минатиот понеделник, во Мон Пелерин, без решение завршија мировните преговори за Кипар, во кои посредуваше ОН, меѓу Акинџи и лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес.
Дискусиите за повторно обединување беа продолжени во мај 2015 година, и двете страни беа оптимисти дека решението може да се пронајде во 2016 година.