Ali Cura
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
КИЕВ (АА) - Воздухопловните сили на Украина спроведуваат ракетни вежби во јужниот дел на земјата, во близина на Крим, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежниот за прес-конференции на Јужната единица на воздухопловните сили на Украина, Владимир Кријановски, во соопштението во врска со дводневните вежби изјави: „Започнаа ракетните лансирањa. Сѐ оди според планот. Нема никакви реакции од Руската Федерација. Украинската армија е подготвена за секаков развој“.
Кријановски истакнува дека Украина со ракетните вежби не прави прекршок и додаде оти вежбите не претставуваат опасност за полуостровот Крим, кој се наоѓа под окупација.
Тој соопшти дека во вежбите ќе бидат ангажирани воени авиони, противавионски системи, беспилотни летала, како и ракетниот систем S-300.
На 26 ноември, Русија предупреди дека во случај Украина со воените вежби да создаде опасност за полуостровот Крим, ќе одговори со напад на ракетниот систем.
Во врска со ова, генералниот секретар на Украинската национална безбедност и одбрана, Александар Турчинов соопшти дека ракетните вежби се прават во согласност со меѓународното право и дека се извршуваат во границите на суверенитетот на Украина.