Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, изјави дека отпорот на неговата земја кон Русија ќе ја „одлучи иднината на Европа“ денес, на 12-тиот ден од почетокот на руската воена операција во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопорака на Телеграм, Зеленски изјави дека води апсолутно логични разговори со светските лидери.
Тој ги повика западните земји да воведат нови санкции и заради мир да ја бојкотираат руската нафта.
Тој ја повтори итната потреба од повеќе „борбени авиони и воздушна одбрана“ за да ѝ се помогне на Украина да ја одбрани својата територија од руската инвазија.
Нападот на Русија врз Украина, што започна на 24 февруари, предизвика гнев кај меѓународната заедница, а Европската Унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа економски санкции кон Москва.
Според Обединетите нации (ОН), оттогаш во Украина се убиени најмалку 364 цивили, а 759 се ранети.
Според Агенцијата на ОН за бегалци, повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина и побегнале во соседните земји.