Yusuf Özcan
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, го обвини рускиот претседател, Владимир Путин, за „политичко и морално потсмевање“, поради тоа што предложи создавање хуманитарен коридор за доведување на Украинците во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за телевизијата „LCI“, Макрон се осврна на руско-украинската војна.
Макрон, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи создавање хуманитарен коридор за носење на украинските цивили во Русија, за „политички и морален потсмев“, истакна дека овој предлог е „неприфатлив“.
Макрон исто така рече дека Французите се во право што се загрижени и дека војната повторно доаѓа во Европа.
Повторувајќи дека Франција не е во војна со Русија, Макрон нагласи дека тие ќе продолжат да вршат дипломатски притисок за да запре оваа војна.
Макрон изјави дека сакаат оваа војна да заврши без да заземаат страна.
Од друга страна, според соопштението на Елисејската палата, Макрон не упатил барање до Путин за создавање хуманитарен коридор за носење на украинските цивили во Русија.
Се наведува дека единственото барање на Макрон е да се стави крај на оваа војна.