Burak Bir
28 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Русија подготвува нови ракетни напади, додавајќи дека тоа го знаат со сигурност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видео порака на Телеграм, Зеленски нагласи дека Русија за жал нема да престане, сѐ додека имаат ракети.
„Наредната недела би можела да биде тешка како онаа што помина. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата држава се подготвува“, додаде украинскиот претседател.
Велејќи дека ги разработиле сите сценарија, вклучително и со нивните партнери, Зеленски ја повика нацијата да обрне внимание на воздушните предупредувања во текот на неделата.
„Ситуацијата на фронтот останува многу тешка, најмногу во регионот Доњецк, како и во претходните недели“, рече тој.
Повторувајќи дека ќе направат сѐ Русија да одговара за војната против Украина, Зеленски нагласи дека од тој аспект, ќе има „нови важни чекори“ наредната недела, но не соопшти повеќе детали.