свет

Инстаграм ќе ја отстрани бројката на допаѓања во уште 5 земји

Според соопштението на Фејсбук, кој од 2012 година е сопственик на Инстаграм, овој пилот-проект, кој од мај се реализира во Канада, ќе се спроведува и во Ирска, Италија, Јапонија, Австралија и Бразил

Emre Aytekin  | 20.07.2019 - Обновена : 23.07.2019
Инстаграм ќе ја отстрани бројката на допаѓања во уште 5 земји

САН ФРАНЦИСКО (AA) - Социјалната мрежа Инстраграм донесе одлука во уште пет земји да ја спроведе тест-апликацијата преку која се крие бројката што покажува на колку лица им се допаднала фотографијата на корисниците, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Фејсбук, кој од 2012 година е сопственик на Инстаграм, овој пилот-проект, кој од мај се реализира во Канада, ќе се спроведува и во Ирска, Италија, Јапонија, Австралија и Бразил.

Во ова соопштение не се вклучени информации околу заклучоците добиени од тестирањето во Канада, а спроведувањето на тест-верзијата на оваа апликација и во другите земји предизвика коментари дека Инстаграм целосно ќе ја отстрани бројката на допаѓања.

Корисниците на оваа тест-верзија можат да видат на колку луѓе им се допаднала нивната фотографија, но не и другите корисници.

Од друга страна, во оваа тест-верзија бројката на следбеници не се наоѓа под фотографијата на профилот, како што е во постоечката верзија, туку се наоѓа во посебен дел кој вклучува статистики.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın