Esat Fırat
20 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Институцијата за историски дела на Израел (İTEK) соопшти дека во ископувањата извршени во градот Рахт во пустината Негев, која се наоѓа во јужниот дел на земјата (историски палестински територии), откриена е џамија која датира од раноисламскиот период, односно од 7 и 8 век, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ИТЕК, во ископувањата извршени заради изградба на нова населба во градот Рахт, откриена е џамија која датира од 7 и 8 век.
„Ова е едно од ретките откривања во светот“, истакнаа директорите на Одделот за ископувања при ИТЕК, Јон Селигман и Шахар Зур, се наведува во ова соопштение.
„Како што знаеме, во овој период во Мека и Кудс имало големи џамии. Но, наодите кои ги поседуваме ни покажуваат дека оваа откриена џамија е мала, која им служела на земјоделците во тоа подрачје“, рекоа Селигман и Зур, укажувајќи на големината на џамиите во Мека и Кудс (Ерусалим) во 7 и 8 век.
Селигман и Зур нагласија дека џамијата имала правоаголна структура и поседувала михраб насочен кон Мека.
Во соопштението се вели дека во рамките на овие ископувања, откриено е и мало населено место што се состои од различни делови, а датира од раноисламскиот период.