свет

Во Германија 17,3 милиони луѓе живеат сами

Од повторното обединување на земјата во 1991 година бројот на домаќинствата со еден член се зголемил за дури 46 отсто

Bedrudin Brlyavac  | 20.07.2019 - Обновена : 23.07.2019
Во Германија 17,3 милиони луѓе живеат сами

БЕРЛИН (AA) - Германските власти соопштија дека е зголемен бројот на граѓани во таа земја кои живеат сами, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Федералниот кабинет за статистика, околу 17,3 милиони луѓе во таа земја живеат сами, што значи дека минатата година во Германија секое петто лице живеело во домаќинство со само еден член.

Од повторното обединување на земјата во 1991 година, бројот на домаќинствата со еден член се зголемил за дури 46 отсто.

Во истиот период, бројот на домаќинствата со три или повеќе лица, без оглед на тоа дали се работи за семејства или партнери, е намален е за? на 20 отсто.

Меѓу причините поради кои сè повеќе има „самци“ се вбројуваат младите луѓе кои порано го напуштаат родителскиот дом, стапувањето во брак во подоцнежен период или никако и почестите разводи на бракови.

Исто така, една од причините е и проблемот на стареење бидејќи во Германија сè повеќе е изразен бројот на повозрасните лица кои живеат сами.

Според податоците на германски сајт за статистика „Статиста“ (Statista), една од причините е и значителниот број граѓани кои немаат партнер.

Во 2019 година, во Германија се регистирани 64,7 отсто од неженетите мажи до 49 години, а бројот на жените во оваа старосна група изнесуваше 35,3 отсто.

„Се работи за лица кои во потполност се задоволни со своите животи и не сакаат да имаат партнер“, се наведува во извештајот.

Сепак, како што се наведува во истиот извештај, само 14 отсто од самците во Германија изјавиле дека се чувствуваат „многу осамено“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın