Zuhal Demirci
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
АНКАРА (AA) - ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ -
До крајот на 2016. година 65.5 милони луѓе во светот биле приморани да го напуштат домот поради војна или насилство, а 84 отсто од бегалската популација денеска живее во земјите во развојот, порача за АА претставничката на Високиот комесаријат на Обединетите нации (УНХЦР) за Турција Паскале Мореу.
Во разговор за АА Мореу истакна дека веќе 28 години работи на проблемот со бегалците, но рече дека проблемот со бегалците не е решен и со време станува се поголем.
Според нејзините зборови, до крајот на 2016. година бројот на луѓето во светот, који поради војни и насилство биле приморан да ги напуштат своите домови изнесувал 65.5 милиони, а тоа е рекордна бројка за последните три години.
Нагласи дека УНХЦР, заедно со партнерите, владите, хуманитарните и другите невладини организации, работел на тоа за да на бегалците ширум светот им бидат обезбедени основните потреби.
Мореу смета дека за завршување на бегалската криза е неопходно силно решение, и дека е тоа можно само со политичка решителност со која ќе бидат прекинати сите судири и насилство, а кои се причина за оваа криза.
„Се надевам дека светот нема да се сеќава само на 65,6 милиони луѓе, кои останале без своите домови, туку дека ќе работи на тоа да се реши овој проблем" истакна Мореу и додаде дека „84 отстоод вкупниот број на бегалците во светот престојуваат во земјите во развојот".
Таа додаде дека меѓународната заедница искажува голема солидарност, но како што рече, потребно е многу повеќе од тоа, бидејќи секој ден има се повеќе потреби за бегалците.
Мореу ги пофали оние општества кои ги отворија врарите на своите земји за милиони бегалци и упати покана на овие земји да им се пружи поддршка. Истакна дека таа поддршка не се очекува само од Европа, туку од целиот свет.
На самиот крај се осврна и на Турција, земјата во која во последните три години престојува најголем број на бегалци.
„УНХЦР е многу благодарна на турскиот народ и институциите на оваа земја на неверојатната великодушност и гостопримство кое се искажува кон бегалците. Тоа е за секоја пофалба", порача Паскале Мореу, претставничката на УНХЦР за Турција.