Ekipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
БУКУРЕШТ (AA) – Романскиот Парламент изгласа недоверба за премиерот и за неговата влада. До гласањето за недоверба на владата дојде на барање на владејачката Социјалдемократска партија од којашто доаѓа и премиерот Сорин Гриндеану, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес предлогот го усвоија 241 пратеник, што е повеќе од неопходните 233 гласа. Владејачката партија поднесе предлог за смена на премиерот Гриндеану со образложение дека не ја спровел политичката агенда на Социјалдемократската партија.
Гриндеану ги отфрли таквите наводи и не сакаше да поднесе оставка. Тој тврдеше дека моќниот партиски лидер Ливиу Драгнеа сака да го отстрани од врвот на владата и на негово место да постави партиски лојалист.
На Драгнеа му е забрането да биде премиер поради осудата за лажирање на изборите во 2016 година.