Ivana Ramadanova
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре ќе се сретне со Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, јавува Anadolu Agency (AA).
Од владината прес-служба соопштија дека е предвидена средба на делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, со делегација на Европската Унија предводена од еврокомесарот Хан.
По средбите ќе се одржи тематска седница на Владата на Република Македонија посеветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и еврокомесарот Хан.
По завршувањето на тематската седница на Владата ќе се одржи прес - конференција на премиерот Заев и еврокомесарот Хан.