Zehra Ulucak
01 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Младите луѓе во САД сè помалку ја користат социјалната мрежа Фејсбук. Од оваа социјална мрежа попопуларни се Снепчет (Snapchat), Инстаграм (Instagram) и Јутјуб (YouTube), јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачкиот центар „Pew“ докажа дека Фејсбук веќе не е толку популарен како што беше порано. Истражувањето спроведено во периодот од 7 март до 10 април, а во кое се користени препораките и паметните телефони на младите луѓе на возраст од 13 до 17 години, покажа дека 51 отсто од младите го користат Фејсбук, 69 отсто Снепчет, 72 Инстаграм и 85 проценти Јутјуб.
Тие потсетија на истото истражување спроведено во 2015 година, кога беше објавен податокот дека 71 отсто од младите користат Фејсбук, 52 отсто Инстаграм и 41 процент Снепчет.
Тие, исто така, дојдоа до податок дека 95 проценти од младите луѓе користат паметни телефони.
Повеќе од 30 проценти од испитаниците сметаат дека влијанието на социјалните мрежи е позитивно, а 24 отсто негативно.