Davut Çolak
01 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Во главниот град на Данска, Копенхаген, започна популарниот четиридневен уличен фестивал „Distortion“, јавува Anadolu Agency (AA).
Имајќи ги предвид терористичките активности во последниот период во Европа, поставени се бетонски бариери на влезните и излезните точки на местото каде што се одржува фестивалот, а зголемено е и присуството на полицијата.
Според соопштението на полицијата на Копенхаген, на првиот ден од фестивалот, кој започна со улични забави во населбата Норебро, учествуваа 80.000 лица. Исто така, на првиот ден од фестивалот приведени се 16 лица.
Полицијата соопшти дека 13 лица добиле парична казна поради непримерно однесување.

Забележано е големо учество на концертите во Норебро, каде што била изведувана музика од различни музички жанрови.
По завршувањето на првиот ден од фестивалот, голем број учесници продолжиле со забавата на други места низ центарот на градот.
Уличниот фестивал „Distortion“ денес ќе продолжи во населбата Вестербро во Копенхаген.