İlker Girit
01 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека терористичката организација ДЕАШ постигнала договор со терористичката група ПКК/ПЈД за повлекување од градот Рака, најголемото упориште на ДЕАШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Набрзо по постигнувањето на договорот, терористите на ДЕАШ започнаа да ја напуштаат Рака без судири и да се повлекуваат кон подрачјето на Палмира“, рече Лавров и додаде дека руското Министерство за одбрана ја потврдило информацијата за договорот.
Групата ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, ги негираше тие информации.
Руската морнарица, вчера, со четири крстосувачки ракети од Средоземното Море ги нападна позициите на ДЕАШ во источниот дел на Палмира, а Лавров нагласи дека тоа било напад врз конвој на терористи снимен од страна на руски авион при извидувачки лет.
„Русија и понатамуу активно ќе учествува во борбата против терористите на ДЕАШ на подрачјето на Сирија“, порача Лавров.
Повикувајќи се на неименуван извор од руското Министерство за одбрана, руската агенција ТАСС јавува дека терористите на ДЕАШ и на ПКК/ПЈД уште во саботата постигнале договор за отворање на јужниот коридор за мирно повлекување на ДЕАШ од Рака кон Палмира.