Gökhan Kavak
24 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
НАЈРОБИ
Седумнаесет војници загинаа при пад на воен хеликоптер во источноафриканската држава Кенија, известува Агенција Анадолија (АА).
Воен хеликоптер со 23 војници и членови на екипажот кој полетал во едукативни цели, во утринските часови паднал во подрачјето Каџиадо на главниот град Најроби.
Во несреќата животот го загубија 17 војници, а шестмина се повредени.
Од друга страна, Армијата на Кенија ја потврди несреќата, но не даде информации во врска со бројката на загинати и повредени војници во хеликоптерската несреќа.