Muhammet Kurşun
24 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
ТЕХЕРАН
Во иранскиот град Језд се преврте патнички авион, при што загинаа 5, а повредени се 33 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската официјална новинска агенција ИРНА, патничкиот автобус патувал од местото Захидан во покраината Систан-Белучистан кон градот Абаде во покраината Фарс.
Во веста се наведува дека автобусот се превртел изутрина поради дефект во сопирачките.
Во несреќата животот го загубиле 5 лица, додека 33 лица се повредени.