Oktaj Omeragikj
24 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.908.454 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 180.402.517 лица, а оздравеа 165.121.169 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 34.449.004 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 30.082.778 заразени, Бразил со 18.170.778, Франција со 5.762.322, Русија со 5.388.695, Турција со 5.387.545, Велика Британија со 4.667.870, Аргентина со 4.326.101, Италија со 4.255.434, Колумбија со 4.027.016, Шпанија со 3.773.032, Германија со 3.732.423, Иран со 3.128.395, Полска со 2.879.336, Мексико со 2.487.747, Украина со 2.231.914, Перу со 2.036.449, Индонезија со 2.033.421, Јужноафриканска Република со 1.861.065, Холандија со 1.680.880, Чешка со 1.666.325, Чиле со 1.528.409, Канада со 1.410.927, Филипини со 1.378.260, Ирак со 1.305.000, Шведска со 1.088.518, Белгија со 1.081.061 и Романија со 1.080.389.
Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 618.294 во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 507.240 починати, Индија со 392.014, Мексико со 231.847, Перу со 191.073, Русија со 131.463, Велика Британија со 128.027, Италија со 127.352, Франција со 110.862, Колумбија со 101.947, Германија со 91.146, Аргентина со 90.986, Иран со 83.329, Шпанија со 80.748, Полска со 74.917, Јужноафриканска Република со 59.258, Индонезија со 55.594 и Украина со 52.181 лица починати од Ковид-19.
Досега од заразувањето со Ковид-19 оздравеа 165.121.169 лица позитивни на Ковид-19.
Во моментов во светот има 11.372.894 активни случаи на заразување со Ковид-19, од кои 81.440 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.