Emel Gözellik
06 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
САН ПЕДРО СУЛА (AA) - Најмалку 50 лица го загубија животот во свлечиштата и поројните дождови предизвикани од ураганот „Ета“ кој ја погоди Гватемала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи, истакна дека при лизгање на земјиштето во местото Сан Кристобал Верапаз околу 20 куќи останале под земја, при што загинале околу 25 лица.
Џаматеи рече дека во подрачјата погодени од ураганот загинале 25 лица.
Според него, операциите за пребарување и спасување се во тек.
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека ураганот „Ета“ ќе продолжи да президвикува поројни дождови во Средна Америка и дека се очекува ураганот да ги зафати и Куба и Флорида.
Ураганот „Ета“ во вторникот ги погоди и Никарагва и Хондурас, каде загинаа најмалку три лица.