Ekipa
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ДAKA (АА) - Властите велат дека спасувачките екипи сѐ уште трагаат по шест лица исчезнати во лизгањето на земјиштето во југоисточниот дел на Бангладеш, во коешто загинаа најмалку 141 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Jaсим Удин, заменик-директор на противпожарната служба, изјави дека сите кои сѐ уште се водат за исчезнати и за кои се трага, се жители од најзагрозениот регион Рангамати.
Истовремено, владата се фокусира на обезбедувањето храна и друг вид на помош за околу 4.500 луѓе чии домови се затрупани со кал и урнатини.
Со оглед на тоа што во вторникот дојде до прекин во снабдувањето на електрична енергија, информациите од загрозените подрачја сѐ уште доаѓаат бавно.